Крале Марко

Day 1,506, 04:52 Published in North Macedonia North Macedonia by dedo mraz 78
Да се постетиме како сме тепале Турци

Вино пие Крале Марко
со старата Евросима мајка,
и кога се напија вино добро,
мајката на Марко ми говори:
„О мој синко, Крале Марко,
остави го сега војувањето
затоа што злото, не носи добро
и на мајката стара и здосади
да пере крвави кошули,
туку земи рало и волови,
и изорај ридови и долини,
па посеј пченица белица,
и нахрани мене и себе.
И ја послуша Марко, мајка му
и зеде рало и волови,
ама не ги ора ридови и долини
туку царските друмови.
Од таму идат Турци јаничари,
и носат три товари злато,
и му зборат на Крале Марко
„Море Марко, не ори друмови!“
„Море Турци, не газите орање!“
„Море Марко, не ори друмови!„
„Море Турци, не газите орање!“
Кога на Марко му здосади,
ги фрли ралото и воловите,
и си потепа Турците јаничари,
па им зеде три товара злато,
и го однесе на својата мајка:
„Ова за тебе го изорав денес“.