ДО КАДЕ ДОЈДОВТЕ БРЕ МАКЕДОНЦИ!?!?!

Day 1,472, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski
До каде дојдовме бре МАКЕДОНЦИ!?

Или поточно да кажам 10 годишни македончиња....Што е со вас бре луѓе..Секој ден нов непријател си создаваме, па дури дојдовме до точка каде меѓусебно се брцаме!!

Ќе почнам со новите конгресмени..

Во период на немање ресурси, нашите драги конгресменчиња на чело со некој си виртуелен шмекер решија да му наплаќаат на македонскиот народ кој реши да отиде на печалба додека ни гние државата без ресурси.
1000 Мкд државјанство..Не се некоја голема пара но е сосем нелогично и е навреда.Зашто 3000 луѓе (карикирам) да произведуваат (пример) по 10 тенка додека со преселба од 20 мкд би можеле да произведуваат по 18-20 тенка кои доаѓаат на македонскиот пазар и автоматски се намалува цената на тенковите и се зголемува фондот на пукање во битките.Кое е образложението за ова ?? 1000 мкд ќе го зголемат рефундот ?? Иако без македонско државјанство свесни сте дека ќе можеме сеуште да маваме за македонија ?! А не дека за тоа сепак данок ќе зимаме.
Алоо драги конгресменчиња, ако стигнавме до таму да немаме пари за рефунд тогаш зашто вие голдот од вашите медали не го дадете во Народната Банка па да видиме поголем рефунд ?? Или оние кои на почетокот на создавањето на еМакедонија што беа конгресмени и го донираа голдот (за сите нас кои ден денес ја играме играва) се будали ?!

Претседателот, и владата..Чекај малце, зарем го имаме ние тоа ?! Јас одеднаш после 6 саати битки читање "мавај против иран" најдов весник кој дава образложение зашто да се мавало?! Малце да не задоцнивте пријатели ??
Добро бе зашто се нафаќате да бидете претседатели кога немате појма од ништо и кога не сте во можност да ја извршувате функцијата ?? За медалот ви е, за голдот ?? Дај ќе собереме ќе ви го донираме тој 5 голд само жити све немој да ни ја упропастувате државичкава која долго време некој ја градеше..
Да се создаде нешто е потребно време, да се уништи е потребно само една секунда.

еИран : јас нема да мавам против еИран се додека не добиеме добра власт која ќе престане со детскиве одлуки и секој ден нов непријател да ни создава.

еСрбија : Јас нема да мавам за еСрбија додека они конечно не направат нешто за нас.Првите 3 месеци од постоењето на еМакедонија ние тогашните македонци се здробивме од мавање за еСрбија, еИран, еУнгарија, еБразил итн итн.. во многу од тогашните битки добиени нашето удирање беше пресудно.еКосово, кога на србите им требаа гласови за косово да биде внесено како нивни регион, први бевме тие кои без размислување масивно гласаа за нив, први бевме кои застанаа до нив.
А сега, сега не сме повеќе браќа кога не сме потребни, сега грците им се браќа, сега еМакедонија не е битна што е на пат на бришење, сега е битно играњето на Том и Џери во америка против американците.Сега не е битно дали еМакедонија сакала дел од еАлбанија, битно е еСрбија да си дуплира ресурс во еАлбанија и кој ја трти еМакедонија.
Да не продолжувам понатаму, сите сваќаме дека веќе и србите ги фати полскиот синдром кој гласи "Само ние сме битни и преку тасета за другите".
Битно е што јас можеби сум се излажал и грешам во однос на србите иако тие денес маваа против нас, но ако грешам повторно јас не сум крив.
Криви се дечиштана од власта што не знаат ништо да објаснат и што после добивањето на функција не се ни замараат дали имаат обврски со самата таа функција.

Повторно ќе ги напоменам и паравоените/воените единици и партии кои заземаат дел од тоа зашто ние денес сме на ова ниво.Пак продолжете си со тие кавги и продолжете да си пукате за други држави, дај да побараме и од админиве да ја избришат еМакедонија од мапа и да биде таму само едно сивило.
Се курчите со ОП по канали на мирц а надвор од нив сте само едни недоквакани гниди.
Еве ви за парите за државјанство што ги барате, јас а и многу други ќе си се преселиме а не се ни враќаме се додека луѓе без мозок водат држави...Па да видиме дали така ќе ви биде подобра државата.Сами си ги бркате граѓаните па после друг ви е крив.

Поздрав и нека ви служи на чест!!
Од прв до последен сме виновни за тоа каде еМакедонија се наоѓа денес, и не ни се криви админите, не ни е крив никој друг.Криви сме прво самите ние а после нас следат други виновници кои лесно може да се заобиколат.

п.с. : пцујте ме, обвинувајте ме, прајте што сакате во коментарите..јас ќе продолжам да ве ругам со статии се додека не се средите сите од прв до последен.