Интересни факти за различни земји

Day 1,469, 13:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian brah

Доколку патувате во некоја од следниве држави, убаво е да се знае по некој интересен факт за нив.

Русија:

1. 10% од приходот на руската влада доаѓа од продажбата на вотка.

2. Руски маж кој носел брада за времето на Петар Велики морал да плаќа посебна такса.

3. Границата помеѓу Русија и Америка на нивната најблиска точка е 4 километри.

4. Наместо роденденска торта голем број деца во Русија добиваат роденденска пита.

5. Само во Русија луѓе го користат Мек Доналдс како бесплатно WC.

6. Во текот на Втората светска војна, метро станиците биле користени како засолниште од воздушни напади. 150 луѓе биле родени таму.

7. Вкупната должина на ѕидовите на Кремљ се 2235 метри.


Индија:

1. Спротивно на популарното верување, речиси и да нема будисти во Индија, ниту имало околу илјада години.

2. Во Индија, пижамите се прифатени како стандардна дневна облека.

3. Индија има закон за правата на кравите.

4. Индија била најбогатата земја во светот се до британската инвазија во почетокот на 17 век.

5. Биле потребни 20.000 мажи, преку 1000 слонови и 22 години да се изгради Таџ Махал.

6. Бројот на деца кои се раѓаат во Индија секоја година е повисок од целото население на Австралија.

7. Најдолго име на железничка станицата во Индија е Venkatanarasimharajuvariapeta.



Јапонија:


1. Улиците во Јапонија немаат имиња.

2. Просечната фарма во САД има 467 хектари, а просечната фарма во Јапонија има 3 хектари.

3. Лубеница во Јапонија може да чини и до 100 долари.

4. Сурово месо од коњ е популарна храна во Јапонија.

5. Во минатото мажите некогаш ги бричеле главите за да се извинат.

6. Терминот караоке значи "празен оркестар" на јапонски.

7. Во старо време девојките со мали очи, округло дебело лице и дебелки се сметале за најпривлечни.



Франција:


1. Килтовите што се традиционална облека на Шкотска, потекнуваат од Франција.

2. 20% од Французите живеат во Парискиот регион.

3. Ајфеловата кула има 2.500.000 навртки, тежи 10.100 тони, и е 324 метри висока.

4. Една од казните на жена што извршила прељуба во средниот век, била да брка кокошки низ градот гола.

5. Францускиот бил официјален јазик на Англија за повеќе од 300 години.

6. Нелегално е да си ја именувате свињата Наполеон во Франција.

7. Во 1386, една свиња била обесена на плоштад во Франција за убиство на дете.



Македонија:


1. Не е необично да се гледаат голи жени во дневниот весник.

2. Гости доаѓаат секогаш ненајавени, па мора секогаш се да е спремно.

3. На секоја уличка има пекара.

4. Тротоарите се наменети за возење и паркирање не за пешачење.

5. Највисоката планина во Македонија е, исто така, највисоката планина во Албанија.

6. Првата Зоолошка градина на Балканот е изградена во Скопје.

7. Според локалното население "СЕ Е МОЖНО !".