Анти - Државни елементи или без`рбетници ?

Day 1,323, 06:08 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD

Во добро координирана акција на ЕДЕН/ТЕРРА членките за разјадување на слогата во ОНЕ сојузот, од страна на некои држави, пуштени се Закони за МПП кон земјите членки на ОНЕ со чие позитивно гласање истиот би се распаднал а со тоа и цел труд кој е вложен од основањето на еМакедонија како држава на еРепаблик !!!

Хронолошки :

Предлозите...

Америка кон Индонезија

Бразил кон Полска

Аргентина кон Шпанија

Романија кон Србија

Германија кон Полска

Хрватска кон Македонија

Нивните одговори на Законите :

Индонезија

Полска1

Шпанија

Србија

Полска2

Македонија

Се ова ќе ми изгледаше како добра фора од страна на ЕДЕН/ТЕРРА што нормално ќе беше одбиена од ОНЕ земјите , доколку денес не налетав на некои „Македонци“ (наводниците се намерно ставени-следува објаснувањето) кои повикуваа до сите Конгресмени да се гласал Законот за МПП со Хрватска со ДА ???? што ми падна чудно , но помислив дека тоа го прават бидејќи немаме некои посериозни борби или Природен Непријател, па немаат што да прават и си тераат заебанции, сепак по неколку минути истите тие почнаа најпрво да нудат тенкови а потоа и злато 😮 за секој Конгресмен кој би гласал со Да на Законот , имаше и такви кои бараа по гласањето да им пишат приватни пораки за добивање на „наградата“ , и се заинтересирав да видам баш дали се сериозни овие што нудат и зошто нудат ..... по долго барање дојдов до овој принтскрин со помош на Национална Безбедност т.е. ДБК 🙂 кој по долго размислување дали да го објавам СЕПАК вакви алчни г`зиња кои добиле финансиски средства од страна на друга држава за дејствија против сопствената држава и македонските интереси ЗАСЛУЖУВААТ да се најдат пред судот на народот !

следува и доказот ......


за поголема слика- клик ТУКА

EDIT
Обвинението надградено и проширено со уште еден доказ ...


за поголема слика - клик ТУКА

По овие слики оставам на Вас да пресудите !

Нека го фрли првиот камен оној што е безгрешен !



Да живее Македонија !

Со почит KepenciMKD