По стапките на Струмјанин

Day 1,316, 07:02 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Што Има Ново традиционално на крајот од мандатот прави интервјуа со сите претседатели.

Што Има Ново ?
DedaNoe: Ново и актуелно - што конечно јужните се разбудија и почнаа да клоцаат наоколу, нешто што го очекував одамна... а ново со мене нема, се е по старо 😛

Ти прија популарноста ?
DedaNoe: И да, и не, огромен е притисокот на позицијата, огромни се очекувањата на народот но и почитта спрема мене е навистина поголема со самата функција.

Одкако стана претседател што се промени најмногу кај тебе ?
DedaNoe: Немам слободно време... го немав ни пред тоа ама сега буквално убивам по 18-19 саати пред компјутер и на чет.

На неполни десет дена од крајот на првиот мандат,
ќе се кандидираш за втор ?
DedaNoe: Размислував многу... и мислам дека ми е потребен одмор, навистина ми е многу потребен и нема да се кандидирам.

Претседател на еМакедоинја какви искуства ти донесе , и дали планариш да продолжиш со политиката и во реалноста ?
DedaNoe: РЛ политика е одамна планирана и да - планирам да се активирам (веќе сум додуша само треба да се заангажирам маалку повеќе), којзнае можеби некој ден ќе се фалите дека тука сум почнал 😃

Што по авантурата(ако може да се каже)претседател ,
кој се твојте планови ?
DedaNoe: Хммм секако дека нема да ме снема целосно... ама ќе преќутам за конкретниот план - што со ДедаНое после крај на мандат.

Генерално земено за сите претседатели кои биле доколку направат некоја грешка веднаш по статии пишуваат Струме врати се,добро ли е да се има репер како Струмјанин ?
DedaNoe: Струме не е репер, струме е легенда и невиден среќлија 😛 ...а тоа дека секогаш има такви кои ќе бараат друг и гледаат грешка и таму кај што ја нема е проблем со видот... не ми е РЛ професија истото🙁

Што би кажал за економската ситуација во еМакедонија ,имаш ли некој предлог за фиксирање на цените ?
DedaNoe: Како и секаде и кај нас... беше ок... па беше катастрофа па се стабилизира - порака за стабилизација - Админи, свестете се.

Каква е соработката со воените сили ?
DedaNoe: Воени сили... ако мислиш на домашниве перфектна е бе, полн е армискиот канал 😉 ...секоја чест на неколкуте единици кои во последно време работат како порано и следат наредби.

Дали имаш план Б ?
DedaNoe: Абе бе? Не бе. xD (опција повлекување т.р опаш во г*з - никогаш не е план) или мислиш план Б од аспект на нов напад.

Спиеш редовно ?
DedaNoe: Спијам. Секој ден... по 4-5 часа 🙂 (се гасам во 4 се пуштам во 9 да фатам куќата и да сработам)

Се плашиш и зошто ?
DedaNoe: Се плашам... единствено од домашните тролови и претенденти за претседателскиот престол со генијални идеи дека можеме да го освоиме целиот свет и дека не ни треба алијанса и соработка со сојузниците.

На Струмјанин не му требаше обезбедување ,нај потребна му беше секретарка се согласуваш си него или пак имаш други потреби ?
DedaNoe: Потреби имам ама... xD А телохранител не би... јас сум онака повеќе ко Гадафи... може така една гарда q5 еМакедонки со избалансиран лев и десен удар.

Прашања по барање од девојките

Како го избра името ?
DedaNoe: Името (имево) го избрав на најглупиот можен начин... жалам за тоа и посакувам да можев да го сменам, позајмено ми е од еден интернет трол кој опседна еден наш форум и го баниравме на ден пред да се регистрирам... во недостиг на креативност (well... еве сме)

Што си во хороскоп ?
DedaNoe: (чесна) Девица. (а)

Го имаш испланирано одморот ?
DedaNoe: Да, ќе бидам онлајн само 15 часа наместо 19 \o/

Што музика слушаш ?
DedaNoe: Слушам електро... транс, хаус... класика (претежно инструментална искомбинирана со некој интересен вокал) - знам дека комбинацијава ми е смртоносна 😛

Кое е твоето хоби ?
DedaNoe: Собирам 1000ки издадени од НБРМ (РЛ) во 2001ва година (а може и 02, 03, 04...) кој има вишок нека ми прати... некако кусок сум.

читаш ШТО ИМА НОВО и што ќе кажеш за интервју магазинот ?
DedaNoe: Најдобрите прашања на кои сум одговарал досега. Поздрав и фала на внимаЊе.