Интервју со основачот на првата невладина организација во еМакедонија

Day 1,309, 07:16 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Што Има Ново ?
hgovic:Најново е нашиот новинарски проект кој ќе излезе во текот на денешниот ден.Со тоа сакаме да кажеме дека секој член од Нулта добива повеќе претплатеници на својот весник поголема популарност на весникот и др.Можете да видите на нашиот форум за што се работи.

Како ти почна дружбата со еРепублика ?
hugovic:Па видов на Фејсбук и се регистрирав и еве до ден денес играм.

Од каде ја доби идеата да основаш невладина организација ?
hugovic:Сакав да направам нешто ново кое ќе се разликува од воените и паравоените.Други принципи и да нема ограничување.Нема минималец,неморално носење на аватар и неморално присуство на чат(а морално присуство на состаноците)

Која е функцијата на невладината ?
hugovic:Имаме активности кои цело време ги реализираме.Секоја недела ќе се задава нова активност која членовите ќе треба да ја извршат или некако да помогнат.да се разработиме и во војните ќе помагаме со одредени донации.

Зошто името Нулта ?
hugovic:Затоа што сме независни невладини и почнуваме од нула.Се што ќе правиме ќе биде ново и позабавно.

Имате лого ?
hugovic:

Кои се условите за во Нулта и зошто треба еЦиливите да се приклучат во НВО Организација и каков третман би добиле доколку би членувале ?
hugovic:Услови нема.Секој може да биде член и бројката на членови е неограничена.Тоа кој колку добива и каква функција има се одредува од страна на админот и на организаторот.

Кои се вашите планови за во иднина ?
hugovic :Има еден и стален план.Сакаме еМакедонците да сфатат дека ако се членови се во ќар во многу работи:организирано и позабавно време поминато на еРепублик,стално добиваат повеќе,пријателство,повеќе претплатеници и др.Исто така треба да сфатат дека организаторот и админот немаат корист тие пробуваат да помогнат колку што е можно повеќе.

Имате форум или страна на која може да се информираат заинтересираните граѓани ?
hugovic:Имаме страна а на нејзе и форум

Како го одбра името ?
hgovic:
Н-Независна
У-Уникатна
Л-Либерална
Т-Трајна
А-Активна


Што мислиш за политичката состојба и за воените единици во еМакедонија ?
hugovic:Па добро стоеме политички,последниве 2-3 преседатели одлично си ја вршеле работата(со вклучивање на Ное) само имам една забелешка а тоа е економската состојба која мора да ја подобриме во најбрз можен рок.За воените единици немам што да кажам.

Кажи ни нешто за тебе ?
hugovic:Се викам Димитар и живеам во Битола.Средношколец сум и моментално уживам во летниот распуст.

Како ти започнува еден еДен и по колку часа си на играва ?
hgovic:Стандардно-Тренинг и работа.Само Нулта шти одзема малце време.Одприлика седам по 1 час и 30 минути кога немаме состанок а кога имаме 2 и пол часа.

Се соживуваш со играта ?
hgovic:Не.

Прашања по барање на еДевојките ?

Која боја ти е омилена ?
hugovic:Зелена.

Летово на која плажа ќе можат да те видат ?
hgovic:Градиште.

Што си во хороскоп ?
hugovic:Вага.

Имаш хоби ?
hgovic:Улична кошарка и креирање на веб-сајтови.

Каква музика слушаш и какви филмови гледаш ?
hugovic:Можам да кажам дека слушам се.Све она што е квалитетно.Секоја добра песна.

читаш ШТО ИМА НОВО и што ќе кажеш за интервју магазинот ?
hugovic:Ги имам прочитано сите ваши интервјуа и можам да кажам дека вакво нешто му требаше на Македонија.