ДАВИД И ГОЛИЈАТ

Day 1,228, 13:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Колку сме подготвени за војната со Грција, ова прашање ми се наметна по читањето на неколку десетици статии од нашите весници. Да размислиме трезвено, да ги одделиме желбите од можностите, и да се разбудиме... Ај сеа ако кафето ви е готово , тргнете дел по дел:

ИТАЛИЈА
Италијанците се народ кој не е многу насочен кон оваа игра, нема силни играчи и оние кои ги има се малку на број. Не сакам да го омаложувам успехот на Македонија, ама бидете реални, ние сме како камен, против орев. Станува збор од околу 1035 играчи, чат – пат, тука, и без некоја поголема моќ. За разлика од нив, ние покрај што сме најголеми националисти во играта, сме и редовни, и играта, сметам повеќето, ја играме само поради тоа што се бориме за Македонија. Никогаш немале шанса. За поздрав е освојувањето на Италија, бонусот од ресурси е повеѓе од добредојден, се додека не ја освоиме цела и некои послаби држави не сме спремни ни за Бугарија ни за Грција.

БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
Овие две се премногу силни, особено Грција, зошто??? Заедничките непријатели- Македонија и Турција, ги прават цврсти сојузници. Грците навидум трпат порази, главната моќ и главните одбранбени системи се во Егејска Македонија, Турција само ги заобиколи, како Хитлер во втората светска војна со нападот против Франција. Ако апетитот за Егејска Македонија е толку голем, тогаш по освојувањето на Италија, удрете браќа, само пазете на Мажињо...
Инаку, јас прво би манал на бугарите, Зошто... Ете така ми се антипатични... Со сето нивно читање на наши весници, селски коментари и ѓупска гордост... Би си напрајл еден кеф..
Ама... Битка со било која од овие две предизвикува , напади на два фронта... тешко ќе излезиме на крај, ни требаат играчи со повисок левел, кои ќе може да се спротистават, еден салам одбранбен систем и Q5, оружје, храна, болници за ако маваме да маниме јако... сега за сега е прерано... Не сме Давид што ќе го победи Голијат.


[img]http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcSLYGw9AgWjBT3AXlrSAfUpFol43NIdVkZaBDLJ1fbg6W6c_zAEHA[/img]