Туторијал - што да НЕ правите кога ќе се регистрирате на еРепублик

Day 1,188, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Оваа статија е посветена на нашите млади бебиња. Сите други статии Ви кажуваат што треба да правите кога ќе се регистрирате на еРепублик, јас ќе Ви кажам што не треба да правите .
Бидејќи да не знаете што ДА правите и не е толку штетно во однос на тоа да не знаете што ДА НЕ правите после регистрирањето.




1. Мулти акаунти

Знаеме дека сакате да и помогнете на еМакедонија и да заработите екстра голд за вас исто така. Но најдобро за Вас и за еМакедонија е да НЕ правите мулти акаунти, бидејќи еден ден Админот ќе ве открие и ќе останите и без парите и голдот а исто така и без профилот на кој сте вложиле доста време .



2. Борење

И самите знаете дека вашата сила е мала додека сте низок левел, така да и не правите некоја голема штета во битките. Затоа не трошете го вашето здравје , бидејќи со секој удар ви се одземаат по 10 здравствени поени. Подобро чувајте ги вашите пари и здравје и инвестирајте ги паметно во иднина. Не борете се додека не стигнете до 500 сила.



3. Купување злато

Не купувајте злато на почетокот , најпрво обидете се да ги разберете механизмите на играта и обидете се сами да заработите злато , подоцна кога сте на повисок левел ако тато ви ја „позајми“ 😉 картичката купувајте колку сакате !



4. Хелт пак

Исто така на низок левел не ви прават голема услуга , значи не користете ги, наместо тоа со заработените МКД после работањето (се разбира со 100% здравје) за многу помала сума може да си го вратите изгубеното здравје.



5. Збогум



Не се откажувајте од играва толку лесно, бидејќи и сте потребни на еМакедонија.
Вие ќе ни помогнете да ја зачуваме гордоста на нашата мила мајка Македонија. Во играва сум повеќе од 4 месеци , но тука се и македонски играчи кои ја играат оваа игра повеќе од 2 години и сите се тука да ти помогнат да застаниш на здрави нозе додека се вклучиш и самиот ТИ во нејзината активна одбрана или напад се разбира .



"Демократијата се уништува себе си бидејќи го злоупотребува сопственото право на слобода и еднаквост. Бидејќи ги учи своите граѓани да ја сметаат дрскоста како право, беззаконието како слобода, говорот на омраза како еднаквост а анархијата како прогрес."



Со почит KepenciMKD o7