Предлог до АРМ : Мобилна Елитна Единица

Day 1,180, 04:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Alen_001

Најпрво сакам да го изразам јавно моето задоволство од новонастанатата ситуција во Министерството за Одбрана, што конечно се стабилизираа работите и може со полна пареа да се сконцентрираме кон остварување на реформите кои беа замислени за овогодинешниот мандат...

Според состанокот кој се одржа пред неколку дена со командантите на паравоените единици и челните луѓе на МоД тимот и според информациите кои успеав да ги добијам доста е веројатно (иако на 100😵 приклучување на сите паравоени единици кон АРМ... Така АРМ би се состоела од повеќе бригади односно секоја паравоена би претставувала посебна бригада плус Лавовите и Тигрите кои веќе постојат како бригади во склоп на АРМ...

Го прашав и на министерот што ако се деси ситуација кога на пример потребно е да браниме востание во Кореа кое е од големо значење за нас и потребно е да пратиме 1 единица?Одма ќе се случат несогласувања и неединство меѓу единиците бидејќи секако секој ќе сака да испука некој куршум плус...


Мојата идеја се заснова на формирање на “неформална“ ,мобилна и лесно распоредлива елитна единица...Иако Одамна е присутна идејата за формирање на Елита меѓутоа секогаш сме биле далеку од тоа од причина што најјаките војници веќе се членови на нечија воена или паравоена организација...
За да се избегне раздорот помеѓу паравоените(читај бригади) и МоД , а притоа да се создаде Елитна единица и сите да бидеме среќни и задоволни ја приложувам следнава идеја :

1.Членови на Елитата може да бидат само членовите на АРМ (односно членови на некоја од паравоените односно бригадите)
2.Членовите на Елитата мора да ги исполнуваат условите за влез (1700-1800 сила)
3.Членовите на Елитата се задолжени да работат во Воената Фирма на својата паравоена
4.Членовите на Елитата би добивале ист рефунд како и сите останати војници, меѓутоа во случаеви како горенаведениот со востанието би биле малку попривилегирани што е сосем нормално во однос на нивниот чин и сила
5.Членовите на елитата би биле должни да ги почитуваат наредбите на МоДот исто како што ги почитуваат наредбите на својата единица
6.Членовите на елитата би биле ангажирани само во нужно потребни случаеви

Хиерархија :

Преседател
Министер
Командант на паравоена/бригада
Елитант


Значи истовремено војникот е член на својата паравоена, но и член на неформалната елита која ќе биде користена за битки со висок приоритет..

Кој добива,кој губи ?

Паравоената/Бригадата
-Добива побрзо напредување на нејзините членови
-Добива Прилив на нови силни членови кои ќе сакаат да бидат дел од елитата, но за да влезат во елитата мора да бидат членови на паравоената/бригадата

Елитантот
-Побрз личен напредок

Државата
-Елитантите би биле поекономични
-Добива силна бригада која ќе придонесе за единство мешу паравоените/бригадите
-Добива лесно распоредлива бригада составена од најјаките и најактивните војници
-Елитата воопшто не би била терет за Буџетот

И за крај :