Од 1 ЈАНУАРИ и малолетниците ќе можат да возат автомобил!

Day 1,831, 16:35 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka


Од први јануари и малолетници ќе може да возат автомобили во Македонија.
Во МВР велат дека со новото решение ќе се зголеми безбедноста на патиштата како резултат на поквалитетната обука и поголемо искуство на возачите и ќе се намали бројот на сообраќајни прекршоци поради управување на моторно возило без возачка дозвола.

Според законот, ова важи за деца од 16 до 18 години, а решението предвидува младото лице што ќе седне зад воланот, да не може да вози надвор од местото на живеење, односно градот или општината.