КАКО САМ ДА СИ ГО УНИШТИШ БИЗНИСОТ - 1 дел

Day 1,153, 09:45 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon
ПОРАКА ДО ПЕКАРИТЕ или за оние кои не знаат да си го направат есапот

Гледам од порано но и во овие немирни денови како нашите бизнисмени работат на големо без да си направат пресметка за добивката, која е темелна вредност на пазарната економија. Дали е тоа последица на апелите на државниот врв дека треба лебот во тешки времиња да има ниска цена, но не разбирам како некој не сваќа дека цената на лебот зависи од цената на житото. Ако има интервентна државна ниска цена на житото, тогаш се ќе биде во ред - ќе има супер ефтин леб. Но многу ефтиниот леб ако оди вака, сега ќе ги затвори пекарите. Дали има хиперпродукција на пекарски фирми или премногу увезен леб, мислам дека не оди на арно со оглед на вредноста на златото 0.035/0.025 или 40% обезвреднување на денарот.
Од друга страна бидејќи имам пекара па ме чуди како вака работат некои колеги пекари, бидејќи јас лично не би се обидел да бидам камиказ за сопствениот бизнис.
Да не солам многу памет туку еве уште еднаш по не знам кој пат една конкретна анализа за пекарите кои работејќи вака буквално лично пропаѓаат, а со тоа и нашата економија.
Ќе тргнам од моменталната состојба на пазарот на пари, стока и труд, при што продуктивноста ја земам како мерило за висината на платата.



Појдовни параметри:
1 жито = 0.07 Мкд
1 МКД = 0.025 Злато
Продуктивност 100% (здравје)
Пријатели = 0
Данок 5%

Максимална плата во МКД за да нема загуба:

со Појачување (бустер) = 10% (без злато)

10 левел = 9.13
9 левел = 7.87
8 левел = 7.43
7 левел = 6.99
6 левел = 6.56
5 левел = 6.12
4 левел = 5.68
3 левел = 5.24
2 левел = 4.81
1 левел = 4.37

со Појачување (бустер) = 50% (со злато 0.19)

10 левел = 11.65
9 левел = 10.04
8 левел = 9.48
7 левел = 8.92
6 левел = 8.36
5 левел = 7.81
4 левел = 7.25
3 левел = 6.69
2 левел = 6.13
1 левел = 5.58

Сите што даваат поголема плата имаат чиста загуба.
Максималната плата треба да биде и пониска ако некој од појдовните параметри отиде НАДОЛУ (добие неповолна вредност).

Во следната статија ќе дадам кратка калкулација за бизнисот со ресорси.

За крај еве една слика за релаксација, бидејќи вие тоа го баравте!



Ве молам за шаут и глас !