ЧЕТР'СЕ (ПРОШИРЕНО)

Day 2,208, 13:06 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28


повеќе на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=37eSKuW_ms8



Македонија прв пат влезе на репрезентативната листа на заштитени добра на човештвото на УНЕСKО за нематеријално наследство, со признавањето на четрсе - празнувања на Св.четириесет маченици во Штип. Одлуката е донесена на осмата седница на меѓувладиниот комитет на УНЕСKО, која од 2 до 7 декември се одржува во Баку, Азербејџан, известуваат од Министерството за култура.

- За нашата земја, одлуката во областа на културното наследство претставува историски настан, зашто ова е прво македонско нематеријално добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСKО, а со тоа стана и дел од светското нематеријално културно наследство со непроценлива универзална вредност - велат од Министерството за култура.

Штипјани секоја година ја негуваат вековната традиција. На првиот ден на пролетта масовно се искачуват на тврдината Исар, фрлаат 39 камчиња, а четириесеттото каменче го оставаат в џеб и вечерта го ставаат под перница. Младите веруваат дека девојката или момчето што ќе го сонуваат таа ноќ, ќе им биде брачен партнер. Овој ритуал, во кој има и елементи на паганство, Штип го негува и одржува со децении, иако никој досега не успеал да утврди од која година датира. Има многу искажувања за основната порака на фрлањето каменчиња од Исарот, а најмногу се верува дека на сите оние што на Денот на пролетта се качиле на тврдината и се фатиле за каменчињата годината ќе им биде среќна и плодна.

Ова е празник на градот, на младоста, на доаѓањето на пролетта. Сепак, најмногу е празник на стотици семејства чии домови се наоѓаат до тврдината. Ги отвораат ширум портите, ги пречекуваат гостите, ги нудат со се' што имамаат, а најмногу со тиганици, пуканки, туршија и ракија. Во Домот на младите се одржува и музички хепининг, со учество на повеќе музички групи.