[001] Во Фокусот...МТО

Day 1,188, 03:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Alen_001


Поздрав до сите Читатели!
Експанзијата на паравоените се случи пред околу 2-3 месеци кога одредена група луѓе незадоволни од тогашната ситуација во АРМ решија да се одделат и да формираат посебна воена структура... И до ден денешен сведоци сме дека постојано се раѓаат нови паравоени...Иако бев малку скептичен околу паравоените во Македонија на наша среќа многу од нив ме демантираа! Денес на чело на одредени паравоени се искусни и способни луѓе кои заедно со нивните соборници од единицата остваруваат неверојатна работа за Македонија на сите фронтови..Мали,мобилни,лесно распоредливи и добро организирани паравоените ги минимизираат недостатоците на АРМ, а притоа на нивните членови им пружаат чуство на припадност и неопходност од нив и со самото тоа ги привлекуваат во играта..
Поради тоа решив да покренам еден проект со цел читателите од поблизок агол да се запознаат со паравоените, не само во Македонија туку и во светот да се запознаат со нивниот начин на работа,фукционирање,атмосфера во единицата итн...

Уживајте 


Во првиот број ќе ја запознаеме најбројната единица во Македонија Macedonian Templars Order (читај МТО), единица која мене ми е посебно драга бидејќи едно време и самиот бев нејзин член и горд сум што колку-толку придонесов за успехот кој го достигнуваат денес! Соговорник ми е Ел-Команданте Aminta Makedonecot

Oснивачи :
Aminta Makedonecot, bibermk, Alekxandar TG, DenisID, Strate mkd, Meckarov, Macedonian Ruler, Ionut Cristian, Damjan G, Alexander Macedon, gligorr, Dani branitel... +/- тие бевме првите членови на МТО!
Датум на формирање : формирани сме пред 3 месеци...поточно, 1098 ден од новиот свет!
Број на членови : 40 + десетина регрути
Просечна сила : 1250


Содржина
1.Историја
2.Уредување
3.Акции
4.Финансирање
5.Инсајдер (дел каде ќе бидат испитани членовите на единицата)


Историја
1.За почеток, ме интересира како настанала единицата,кои се мотивите заради која настанала и кои се првите членови кои стојат зад нејзиното формирање ?
-МТО настана по моја иницијатива со просто објавување на повикот за основање во мојот весник. Еве ја таа статија http://www.erepublik.com/en/article/macedonian-templars-order--1580536/1/20 се почна од неа. Идејата беше за организирање и дружење на активните еМакедонците кои ја сакаат Македонија и се спремни да сторат се за да ја бранат нејзината територија, име и чест. Главниот мотив беше организирање на Македонска воена единица како одговор на тогашните агресивни пропаганди и кампањи на Бугарите и Грците против нашата земја на играва. Дел од првите членови може да се видат и во комантарите на статијата од погоре Започнавме скромно но ентузијастички со само десетина члена и една фирма за леб која ја основавме од здружени средства на сите основачи. После една недела ја имавме и првата регрутација кога веќе се екипирвме на 17 члена со две фирми и тогаш почнавме организирано да делуваме како единица во заеднички акции. Понaтаму следуваше константен раст и развој на целата единица, нашите фирми и на секој поединечен член.

2.Зошто баш MTO(името) и што симболизира вашиот аватар ?
-МТО или Macedonian Templars Order...превод.... Редот на Македонските Темплари како име произлезе со симболика на воена единица со рамноправни свети божји воини кои ќе имаат една и единствена цел и задача - Да ја бранат Македонија од сите надворешни и внатрешни агресори и непријатели. Тоа што за историските Темплари бил Ерусалим за Редот на Македонските темплари е светата земја Македонија.

Аватарите ја симболизираат заесбноста на секој член а во позадина земскиот симбол на Македонија целта за која се бориме и која ја браниме.

Уредување
1.Како е распоредена хиерархијата во единицата ?
-Во МТО моментно имаме специфична хиерархија... Генералштаб како врховен совет составен од најстарите (основачи) и најактивните членови кои имаат и одделни задолженија во работата и раководењето на единицата; членовите се рамноправни во третманот од МТО и делувањето на единицата; и на крај тука се регрутите како расадник за иднте проширувањa на МТО.
2.Што е тоа што ја разликува MTO од другите единици ?
-Имаме свој уникатен начин на работа, делување, дружба и функционирање. Имаме внатрешна слога, доверба и решителност да работиме на растот и развојот на секој поединечен член и на целата единица заедно. Со тоа не зависиме од никого и од ништо... Функционираме како држава во држава...
3.Каква е вашата стратегија за развој на MTO и прераснување во голема Светска Сила?
-Не сме до толку амбициозни! Скромно ќе кажам дека планот е да бидеме најголема воена сила во Македонија…шала на страна... растот и развојот на МТО секогаш сме го базирале и ќе го базираме на меѓусебна дружаба, соработка, слога и разбирање меѓу членовите на МТО. Јаки војници - јака единица, дисциплинирана и сложна единица - светска воена сила. Тоа е рецептот за успех !!!

Акции
1.Колку е единицата мобилна и спремна за акции ? Во случај на изненаден напад на Источна Македонија за колку минути MTO може да ги мобилизира своите членови и со колкава воена моќ располагате (колку дмг можете да направите)
-Спремни сме и бројчано, инфраструктурно (со фирми) и финансиски веднаш да одговориме на било каков предизвик. Во секој момент имаме барем една третина од МТО активни на чат а останатите можеме релативно брзо согласно нивните РЖ обврски да ги активираме со по еден повик на мобилен... многу од МТО се и меѓусебни РЖ пријатели.... што не прави доста поврзани како рекламата за Нокија xD
2.Имате ли некои документирани акции на MTO(снимени) ?
Неколку до сега... еве една од нив овековечена благодарение на bavarec кој си ја одработи профи задачата http://www.youtube.com/watch?v=tUu9CaSV-ts

Финансирање
1.Со каква инфраструктура располагате?

-Имаме свој фонд, ресурси и 6 фирми. Имаме Q5 леб а при крај сме да го заокружиме на Q5 и оружјето. Со тоа прва фаза ќе биде комплетирана солгасно нашата моментна бројност.

2.Како се платени војниците во воените фирми (доколку работите во вф) ?

Сите работат во наши фирми, но финансиите се интерни работи кои не можам да зборам во детали.... но ќе кажам дека платите варираат, не работиме на минималец, си го плаќаме данокот и распределуваме доволно средства на сите војници зависно од потребите и активностите. Целиот профит од работата на членовите и нашите фирми е заеднички и се троши за растот и развојот на сите членови на МТО.
3.Моментално како се финансирате и на што ги трошите вашите финансии најмногу ?

Се финансираме од сопствени извори... заеднички средства од нашите фирми и индивидуални на секој член. Секако имаме и распределба на средства доколку добиеме буџет за борење во одредени битки. Финансиите ги распределуваме согласно ситуацијата во Македонија... во време на војна во Македонија 100% од финансиите одат на храна и оружје за членовите на МТО кои се борат за Македонија а во мирно време како сега правиме баланс и одвојуваме дел од финансиите и за надградба на инфраструктурата на МТО.

Insider-Инсајдер (интервју со членовите на единицата)
Соговорници : DenisID & Alexandar TG – Докажани Темплари
*А-Александар *Д-Денис
1.Зошто и како влеговте во МТО ?
А-Во МТО влегов на покана од Аминта. Ми се допадна идејата за воено здружување со цел просперитет и бранење на еМакедонија.
Во тој момент не бев никаде вклучен и уште не ја имав дефинирано својата улога во воениот живот на еМакедонците.
Со помош на МТО се пронајдов себе си..
Д-Во MTO влегов со цел да бидам дел од организирана воена единица и како дел од таква да и помогнам на Македонија
Би додал и дека она што ме привлече да бидам дел од МТО беа особините кои треба да ги поседува еден член на МТО - Верба во Бог, Македонец до Гроб! о/
2.Опишете ни ја атмосферата во единицатаА - Атмосферата е секогаш позитивна. Понекогаш се запрашувам дали е вака и во другите единици???
Д-.Атмосверата која владее помеѓу членовите во МТО е секогаш позитивна. Имаме членови од различни возрасти (од 14 години се до 40+) па секогаш има нешто за муабет...Но сепак морам да кажам дека најинтересно е во моментите кога имаме организирани акции xD
3.Што би им препорачал на новите членови ?А-Работете секој ден со 90+ здравје и зимајте Hard Worker Medal (јас го крстив Get A Life Medal).
Тренирајте обавезно со бустери. Секако најисплатливиот е 50%.
Let the force be with you!
Д-Сите што сакаат да станат идни членови на МТО нека не се срамат, нека дојдат на чет каналот на #MTO (сервер rizon) и слободно нека прашаат се што ги интересира..
И повторно со Ел-Команданте (Аминта)...

Порака за крај :

Сакам да видам слога и разбирање без љубомора, лакомост и себичност во еМакедонија. Сите еМакедонци да работат кон остварување на една заедничка цел без да го ставаат личниот интерес пред заедничкиот и да не ги рефлектират своите лични комплекси преку ривалство и раздор меѓу своите браќа Македонци. Сакам да ја видам одличната атмосфера помеѓу членовите на МТО да се рашири помеѓу сите еМакедонци.
Мото на единицата : Верба во Бог, Македонец до Гроб![/b]


П.С – Од извори блиски до владата дознаваме дека вчера Македонските Темплари ја одржале првата собиранка, па да се надеваме дека откако ќе се отрезнат ќе добиеме и слики 